Анкета
Најнова Фотка
1,2, па и повеќе
Аирлија нека е!

Никако без заштита


Според истражувањето што го направи McAfеe, еден од најпознатите производители на антивирусен софтвер, ќе добиете 70 спамови дневно ако сурфате без заштитa. Ако живеете во Британија сте во уште поголема опасност.

McAfеe направи студија во која учествуваа 50 луѓе од цел свет, кои беа замолени да сурфаат на интернет месец дена без филтер за спам пораки.

Експериментот покажа дека луѓето во Велика Британија најмногу се мета на нигериски спамери и добиваат најмногу порнографски меилови.

Еден Британец за време на експериментот примил дури 5.414 спам пораки.


Студијата покажа дека спамерите се поактивни од било кога досега, се користат со најразлични психолошки трикови да ги натераат корисниците да ги споделат нивните лични податоци и информации за нивните банковни сметки.

Најпопуларна тема за спамирање и понатаму се парите, без разлика дали се работи за ’случајни подароци’, позајмици или издавање на кредитни картички.

Изгледа спамот е неизбежна појава со која мора да научиме да живееме. Се надеваме дека McAfеe резултатите од ова истражување ќе ги искористат на најдобар можен начин.


4.07.2008



Гледајте фудбал
Спорт
Ја декласиравме Португалија
Ја декласиравме Португалија
Најдобар показател за супериорноста на нашите кошаркари е првата четвртина во која Португалците успеаја да постигнат само четири поени, а ние веќе имавме 22.
Хамилтон стартува прв во Белгија
Хамилтон стартува прв во Белгија
Водечкиот возач во вкупниот поредок на Форумула 1 се избори за првото место на утрешната трка за Големата награда на Белгија, која ќе се вози на познатата патека Спа.
Ибрахимовиќ најплатен во Серија А
Ибрахимовиќ најплатен во Серија А
Според Gazetta dello Sport годишната плата на шведскиот репрезентативец изнесува единаесет милиони евра. Втор на листата е Бразилецот Кака со девет милиони по сезона, додека трет е Роналдињо со 5.5 милиони евра.
Рафаел Собис во Ал-Џезира
Рафаел Собис во Ал-Џезира
Бразилскиот напаѓач и довчерашен член на Бетис потпиша договор со еден од побогатите клубови од Обединетите арапски емирати.
Апсолутен рекорд: 4,7 милијарди луѓе ги гледале ОИ
Апсолутен рекорд: 4,7 милијарди луѓе ги гледале ОИ
За 17 дена, ТВ преносите од Олимписките игри во Пекинг ги следеле околу 4,7 милијарди луѓе, што е нов апсолутен рекорд, соопшти денеска компанијата за истражување на пазарот Нилсен.
Рекоба заврши во Паниониос
Рекоба заврши во Паниониос
Легендата на уругвајскиот фудбал се одлучи во својата 32 година кариерата да ја продолжи во Грција. Иако имаше понуда од Блекбурн Ел Чињо следната сезона ќе го носи дресот на Паниониос.
Господарот на Дубаи го презема Ливерпул?
Господарот на Дубаи го презема Ливерпул?
Шеикот Мухамед бин Рашид Ал Мактоум, кој е петти најбогат човек во светот, има навистина сериозна намера да го преземе тимот од Енфилд Роуд.

Резултати сега!