По 14 години откако доби отказ, на Шенон Доерти понудено и е повторно да ја заигра Бренда Волш во новата верзија на серијата Беверли Хилс. Шенон бара повеќе пари.
Шенон Доерти, која поради своето проблематично однесување доби отказ од мегапопуларната серија за млади повторно е во преговори да ја репризира улогата на Бренда Волш. Но, освен поголема сума пари, контроверзната актерка сака да знае и како ќе се развива нејзиниот лик низ сценариото.
„Да, Шенон преговара за новата сезона на Беверли Хилс“, потврди нејзиниот портпарол.

Дали преговорите ќе вродат со плод, тоа допрва ќе видиме, но едно е сигурно – во новите продолженија, Бренда нема да добие уште една шанса со Дилан, бидејќи
Лук Пери одби да ја репризира својата улога.