Два месеци по изненадувачката венчавка на Бахамите за Мараја Кери и Ник Канон, дојдоа црни дни. Наводно, Мараја го излудува новопечениот сопруг со најразлични барања..
Веднаш откако пристигнаа на Хаваите, каде
Мараја го снимаше новиот спот, нејзиниот сопруг
Ник ја презел улогата на личен асистент. Покрај тоа што цело време и бил на располагање, ја опсипувал и со подароци од Тифани и Луис Витон. Но, сето тоа недоволно.

На нејзините барања им нема крај, а 11 години помладиот Ник, кој секогаш ги испонува, веќе ја заработи титулата - еден од најголемите папучари во Холивуд.
Но, и на неговото трпение може да му дојде крајот, вели негов добар пријател, бидејќи Мараја покрај сето ова сака да ја контролира и неговата кариера.
„Мараја сака да биде запозната и да даде согласност на секој негов, па и веќе договорен потег во кариерата. Таа дефинитивно носи пантолони во оваа врска“, вели неименуваниот пријател.
3.07.2008