logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Навивачите бараат од Берлускони да го продаде клубот

Фановите на Милан станаа толку огорчени од водењето на клубот што ги натера да започнат петиција против сопственикот, со цел Милан да биде продаден на нов сопственик, кој ќе вложи многу повеќе од сегашниот. Берлускони моментално има многу поважни работи од водење на клубот, што доведе до револт кај навивачите затоа што Милан ова лето сеуште не доведе ниту едно големо засилување. Навивачите започнаа петиција со која од Берлускони бараат да го продаде клубот или во спротивно ќе ги бојкотираат натпреварите. Во текстот на петицијата стои: „Клубот искажа недостаток на финансиска моќ во однос на англиските и шпанските клубови, па ги повикуваме сите навивачи да не одат на натпревари се додека Милан не добие нов сопственик. Благодарни сме за сторената рабора од претседателот, но во изминатите две години освојувавме трофеи само поради тоа што фудбалерите дадоа 110% и направија чудо, а не поради нешто друго. Сакаме нашиот глас да се почитува и јасно го искажуваме разочарувањето од водењето на нашиот Милан. Овој клуб заслужува достоинство и за доброто на сите бараме од претседателот да го продаде клубот за да повторно се врати на врвот од светскиот фудбал“. Берлускони во Милан, преку неговата компанија Fininvest, од 1986 година инвестираше стотици милиони евра, но се чини дека тие средства во последните две години пресушија, а клубот не доведе ниту едно скапо и звучно засилување. Се чини дека капката која ја прелеа чашата беше најновата изјава на Галијани, кој рече дека Милан не може да си дозволи купување на врвни играчи, па навивачите одлучија да започнат со навистина радикални мерки. Филип Крстевски/Таратур

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/4016