Како што информира британски Мирор, повикувајќи се на изјави од италијанскиот клуб, доцна синоќа Лампард ставил потпис на 4-годишен договор со нероазурите, вреден 24 милиони фунти.
Мирор наведува дека времето на трансферот било симболично бидејќи дефинитивното заминување на
Лампард се случи 24 часа откако
Деко пристигна на Стемфрод Бриџ.
Инаку, Лампард деновиве се наоѓа на одмор во Сицилија и наскоро целосно ќе се пресели во Милано.
Покрај Лампард, италијанските медиуми наведуваат дека
Жозе Мурињо се обидува да го засили средниот ред на Интер со најдобриот фудбалер на ЕУРО 2008,
Чави Хернандез од Барселона.