|
|
Кака го бара Роналдињо во Милан
Најдобриот фудбалер на италијанскиот клуб, а воопшто и во светот им порача на челниците дека неговата желба е да заигра заедно со неговиот соиграч од репрезентацијата.
Роналдињо моментално е во потрага по клуб кој е подготвен да го купи и да му овозможи вистинска шанса за да си ја врати кариерата. Милан порано објави дека трансферот е веќе готов, па потоа дека не е, па им беше скап, па не им беше потребен, но сепак остана главен фаворит за негово ангажирање поради фактот што во италијанскиот клуб моментално играат дури 7 негови сонародници.
А сега, откако Кака увиде дека клубот не планира да даде пари за некое звучно засилување, очигледно се реши да ги земе работите во свои раце и со својот авторитет да издејствува трансфер на бразилскиот волшебник: „Роналдињо? Отсекогаш им велев дека тој е врвен играч и доколку потпише за Милан ќе биде одлично пречекан од сите играчи. Сите го посакуваме во тимот, му порачав на Берлускони, а еве кажувам и пред сите дека јас го барам Роналдињо во тимот, сакам да играм со него и ќе бидам многу среќен доколку ми ја исполнат желбата. Се надевам дека клубот ќе донесе и други квалитетни играчи, треба да го освоиме Скудетото, а и Купот на УЕФА“.
Филип Крстевски/Таратур2.07.2008
|
|
|
|
|