logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Продал 10 илјади убиени комарци на Интернет!

Еден Кинез на интернет постави оглас за продажба на малите крвопијци и за само два дена доби над 10.000 понуди од заинтересирани купувачи, а во игра се и некои бизнис соработки. Нин Нан, сопственик на продавница за накит од Шангај дошол на идеја да продава мртви комарци за да ги привлече купувачите во неговиот дуќан. „Убиени со човечка рака. Погодни за користење во научни цели, или за декорација или како дел од некоја колекција“, наведува во рекламата која стои во неговата продавница, а сличен текст се наоѓа и во интернет огласот. Еден комарец, според него, чини 45 пени. „Се заклучив в соба и размислував за промотивниот план на мојата компанија, па се сетив да продавам убиени комарци и со тоа да привлечам внимание“, вели Нан. Дека станува збор за одличен маркетиншки трик, покажува одзивот на заинтересираните, како и бизнис понудите што ги примил. Откако понудата ја ставил на интернет, на страницата забележал 250 илјади влезови, од кои 10 илјади резултирале со купување. Добил неколку понуди од компании што сакале да се рекламираат на неговата страна, како и две понуди за вработување – една од австралиски производител на вино, а друга од шангајска компанија што се занимава со комуникации. Нан ги одбил и двете понуди, бидејќи, како што тврди, сака да развие сопствен бизнис.

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/4006