Анкета
Најнова Фотка
1,2, па и повеќе
Аирлија нека е!

Продал 10 илјади убиени комарци на Интернет!


Еден Кинез на интернет постави оглас за продажба на малите крвопијци и за само два дена доби над 10.000 понуди од заинтересирани купувачи, а во игра се и некои бизнис соработки.

Нин Нан, сопственик на продавница за накит од Шангај дошол на идеја да продава мртви комарци за да ги привлече купувачите во неговиот дуќан.

„Убиени со човечка рака. Погодни за користење во научни цели, или за декорација или како дел од некоја колекција“, наведува во рекламата која стои во неговата продавница, а сличен текст се наоѓа и во интернет огласот. Еден комарец, според него, чини 45 пени.

„Се заклучив в соба и размислував за промотивниот план на мојата компанија, па се сетив да продавам убиени комарци и со тоа да привлечам внимание“, вели Нан.

Дека станува збор за одличен маркетиншки трик, покажува одзивот на заинтересираните, како и бизнис понудите што ги примил. Откако понудата ја ставил на интернет, на страницата забележал 250 илјади влезови, од кои 10 илјади резултирале со купување.

Добил неколку понуди од компании што сакале да се рекламираат на неговата страна, како и две понуди за вработување – една од австралиски производител на вино, а друга од шангајска компанија што се занимава со комуникации.

Нан ги одбил и двете понуди, бидејќи, како што тврди, сака да развие сопствен бизнис.

2.07.2008




Гледајте фудбал
Спорт
Ја декласиравме Португалија
Ја декласиравме Португалија
Најдобар показател за супериорноста на нашите кошаркари е првата четвртина во која Португалците успеаја да постигнат само четири поени, а ние веќе имавме 22.
Хамилтон стартува прв во Белгија
Хамилтон стартува прв во Белгија
Водечкиот возач во вкупниот поредок на Форумула 1 се избори за првото место на утрешната трка за Големата награда на Белгија, која ќе се вози на познатата патека Спа.
Ибрахимовиќ најплатен во Серија А
Ибрахимовиќ најплатен во Серија А
Според Gazetta dello Sport годишната плата на шведскиот репрезентативец изнесува единаесет милиони евра. Втор на листата е Бразилецот Кака со девет милиони по сезона, додека трет е Роналдињо со 5.5 милиони евра.
Рафаел Собис во Ал-Џезира
Рафаел Собис во Ал-Џезира
Бразилскиот напаѓач и довчерашен член на Бетис потпиша договор со еден од побогатите клубови од Обединетите арапски емирати.
Апсолутен рекорд: 4,7 милијарди луѓе ги гледале ОИ
Апсолутен рекорд: 4,7 милијарди луѓе ги гледале ОИ
За 17 дена, ТВ преносите од Олимписките игри во Пекинг ги следеле околу 4,7 милијарди луѓе, што е нов апсолутен рекорд, соопшти денеска компанијата за истражување на пазарот Нилсен.
Рекоба заврши во Паниониос
Рекоба заврши во Паниониос
Легендата на уругвајскиот фудбал се одлучи во својата 32 година кариерата да ја продолжи во Грција. Иако имаше понуда од Блекбурн Ел Чињо следната сезона ќе го носи дресот на Паниониос.
Господарот на Дубаи го презема Ливерпул?
Господарот на Дубаи го презема Ливерпул?
Шеикот Мухамед бин Рашид Ал Мактоум, кој е петти најбогат човек во светот, има навистина сериозна намера да го преземе тимот од Енфилд Роуд.

Резултати сега!