logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Алвес конечно и официјално во Барселона

Фудбалерот на Севиља и бразилски репрезентативец од наредната сезона ќе го носи дресот на каталонскиот гигант. Шпанските медиуми пренесуваат дека трансферот е вреден околу 30 милиони евра, а 25-годишниот Алвес со Барса потпиша четиригодишен договор. Одбранбениот фудбалер денес пристигна во Барселона каде ќе му биде извршен лекарски преглед, а утре и официјално ќе биде претставен пред илјадници фанови на Ноу Камп. Алвес е третиот фудбалер од одбраната кој во овој преоден рок доаѓа во Барселона. Пред него во тимот дојдоа Жерар Пике од Манчестер Јунајтед и Мартин Касерес од Виљареал, додека клубот го напуштија Џанлука Замброта и Лилиан Турам. Филип Крстевски/Таратур

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/4005