Анкета
Најнова Фотка
1,2, па и повеќе
Аирлија нека е!

Алвес конечно и официјално во Барселона


Фудбалерот на Севиља и бразилски репрезентативец од наредната сезона ќе го носи дресот на каталонскиот гигант.

Шпанските медиуми пренесуваат дека трансферот е вреден околу 30 милиони евра, а 25-годишниот Алвес со Барса потпиша четиригодишен договор. Одбранбениот фудбалер денес пристигна во Барселона каде ќе му биде извршен лекарски преглед, а утре и официјално ќе биде претставен пред илјадници фанови на Ноу Камп.

Алвес е третиот фудбалер од одбраната кој во овој преоден рок доаѓа во Барселона. Пред него во тимот дојдоа Жерар Пике од Манчестер Јунајтед и Мартин Касерес од Виљареал, додека клубот го напуштија Џанлука Замброта и Лилиан Турам.

Филип Крстевски/Таратур
2.07.2008



Гледајте фудбал
Спорт
Видео: Хамилтон казнет, Маса победник
Видео: Хамилтон казнет, Маса победник
На Луис Хамилтон му е одземена победата на трката за Големата награда на Белгија, по што тој се најде на третото место, а десетте бодови му припаднаа на Бразилецот Фелипе Маса.
Гатузо опериран по бизарна повреда
Гатузо опериран по бизарна повреда
Фудбалерот на италијанската репрезентација и Милан поради повреда го напушти кампот во кој неговите репрезентативни колеги се припремаат за претстојниот натпревар против селекцијата на Грузија.
Македонец на клупата на Црвена ѕвезда
Македонец на клупата на Црвена ѕвезда
Според српскиот весник ’Новости’, наследник на Зденек Земан на клупата на најтрофејниот српски клуб ќе биде македонскиот тренер Чедомир Јаневски.
Ја декласиравме Португалија
Ја декласиравме Португалија
Најдобар показател за супериорноста на нашите кошаркари е првата четвртина во која Португалците успеаја да постигнат само четири поени, а ние веќе имавме 22.
Ибрахимовиќ најплатен во Серија А
Ибрахимовиќ најплатен во Серија А
Според Gazetta dello Sport годишната плата на шведскиот репрезентативец изнесува единаесет милиони евра. Втор на листата е Бразилецот Кака со девет милиони по сезона, додека трет е Роналдињо со 5.5 милиони евра.
Рафаел Собис во Ал-Џезира
Рафаел Собис во Ал-Џезира
Бразилскиот напаѓач и довчерашен член на Бетис потпиша договор со еден од побогатите клубови од Обединетите арапски емирати.
Рекоба заврши во Паниониос
Рекоба заврши во Паниониос
Легендата на уругвајскиот фудбал се одлучи во својата 32 година кариерата да ја продолжи во Грција. Иако имаше понуда од Блекбурн Ел Чињо следната сезона ќе го носи дресот на Паниониос.

Резултати сега!