logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Летна промоција на Вип, 2 денари минута кон сите мрежи

[1]
Новите и постојните Вип припејд корисници и корисниците на Вип Флат постпејд од први јули од 31 август можат да разговараат за два денари минута кон сите мрежи, секој ден, нон – стоп. Исто така, во летната промоција од Вип најавуваат и промоција за меѓународни разговори по најповолни цени и специјална понуда на СМС во роаминг. Како што рече Марио Цвитковиќ, главен маркетинг директор, „летото е еден од оние периоди во годината кога на сите нас ни е особено значајно да останеме во постојана комуникација со најблиските, каде и се наоѓаме во земјава или странство. Вип препознавајќи ја оваа потреба на корисниците и овојпат нудиме најповолна понуда што ќе им овозможи да бидат максимално мобилни“. Најновата летна промоција наменета за новите и постојните Вип припејд и Вип Флат постпејд корисници, овозможува разговори кон сите национални мрежи во текот на целиот ден за само 2 денари по минута (2.36 денари со ДДВ), со 4 денари за воспоставување на повик. Новите корисници автоматски го добиваат овој бенефит, без потреба од дополнително активирање. Додека постојните корисници, можат да зборуваат за месечен надоместок од само 50 денари. Тие тоа можат да го направат со надополнување од најмалку 300 денари автоматски ја добиваат оваа поволност. Втората поволност се однесува на меѓународните разговори до сите меѓународни мрежи по намалени цени почнувајќи од 15,9 денари за минута за соседните земји. Во зависност од регионот, цената се зголемува, така на пример за зоната Европа изнесува 29,9 денари. За активација се наплатува еднократен надоместок од 99 денари, кој е валиден за целиот промотивен период од 1јули до 31 август, информираат од Вип. Постпејд корисниците кои се наоѓаа во станство можат да испраќаат СМС пораки во период од 18 до 19 часот по локално македонско време за пет денари. Аконтацијата на оваа услуга чини 49 денари еднократно. Повеќе: vip.com.mk [2]

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/4004