logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Анџелина Џоли заврши в болница!

Портпаролот на болницата во јужна Франција потврди дека Анџелија Џоли е хоспитализирана, па ќе биде под надзор се додека не ги роди близнаците. Терминот е најавен за август. Анџелина Џоли е во болницата Ленвал во Ница, блиску до заедничкиот дом што го има со Бред Пит во јужна Франција. Надин Бауер, гласноговорничка на болницата рече дека Анџелина е добро и дека се` се одвива според планот. Додаде дека нејзиното доаѓање во болницата било планирано веќе некое време. Бауер рече дека 33-годишната актерка ќе остане во болницата се додека не се породи и дека таму дошла за да биде под целовремен надзор. Џоли и нејзиниот сопруг Бред Пит имаат четири деца – Мадокс (6), Пакс (4), Захара (3) и Шилох (2).

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/4002