|
|
Анџелина Џоли заврши в болница!
Портпаролот на болницата во јужна Франција потврди дека Анџелија Џоли е хоспитализирана, па ќе биде под надзор се додека не ги роди близнаците. Терминот е најавен за август.
Анџелина Џоли е во болницата Ленвал во Ница, блиску до заедничкиот дом што го има со Бред Пит во јужна Франција.
Надин Бауер, гласноговорничка на болницата рече дека Анџелина е добро и дека се` се одвива според планот. Додаде дека нејзиното доаѓање во болницата било планирано веќе некое време.
Бауер рече дека 33-годишната актерка ќе остане во болницата се додека не се породи и дека таму дошла за да биде под целовремен надзор.
Џоли и нејзиниот сопруг Бред Пит имаат четири деца – Мадокс (6), Пакс (4), Захара (3) и Шилох (2).
1.07.2008
|
|
|
|
|