logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Теории на заговор: Коршунова убиена од мафијата

Самоубиството на 20-годишната манекенка Руслана Коршунова предизвика лавина од теории на заговор. Се шпекулира дека прекрасната Казахтанка била жртва на мафијата. Њујоршкиот моден магазин BlackBook објави дека одредени луѓе од модната индустрија тврдат дека Руслана премногу сакала да прекине со работата како модел, меѓутоа тоа не и го дозволувала париско-њујоршко-московската мафија која ги контролира тинејџерските модели.
Во една од теориите на заговор, со смртта на Коршунова се поврзува и рускиот енергетски гигант – Газпром. Се наведува дека манекенките, воглавно од источна Европа биле ескорт девојки на челниците од оваа корпорација. Дека Коршунова се самоубила не веруваат ни нејзините бројни пријатели. Сепак полицијата наведува дека во нејзиниот стан нема траги на провала или борба, така што се укажува на самоубиство.
Да потсетиме, Коршунова во саботата вечерта се фрли од својот стан на деветти спрат. По падот преку неа поминале два автомобили. Обдукцијата покажа дека причина за смртта се тешки внатрешни повреди здобиени од падот.
Руслана неколку месеци пред смртта на разни интернет форуми пишувала дека е изгубена и дека не знае дали некогаш ќе се пронајде, но во некои моменти за себе пишувала дека е кучка и вештерка. Во една порака напишала и дека „сонува да лета“. Поврзано: Се самоуби Руслана Коршунова [1]

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/4001