Мајкл Маден, инженер во британското кралско воздухопловство, тврди дека минатата недела видел НЛО како кружи над автопатот М5 во Велика Британија.
25-годишниот инженер тврди дека објектот лебдел, а потоа исчезнал со неверојатна брзина.
Маден вели дека летечкиот диск лебдел околу три минути точно над автопатот недалеку од клучката 21 Weston-super-Mare. Мајкл точно во тоа време, во саботата 9:50, се враќал од Јеовилтон базата во Манчестер заедно со својот колега
Мајкл Кејсон.
„Работам со авиони и пораснав покрај аеродромот во Манчестер, па точно знам како изгледа авион и како звучи. Ова дефинитивно беше нешто друго. Беше светлечки, циркуларен диск кој леташе на висина од стотина метри", изјави инженерот.
„Мораше да го забележат и другите луѓе. Никогаш во мојот живот не сум видел нешто слично, објектот личеше како летачките чинии од филмовите, дури на задниот дел имаше и антена“, додаде тој.