logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Бенитез ќе го купува Жунињо (+видео)

Англиските медиуми во последните денови споменуваат дека Ливерпул во своите редови ќе го доведе доведе мајсторот за слободни удари Жунињо Пернамбукано. Специјалистот за слободни удари пред неколку дена за францускиот L'Equipe изјави дека во овој преоден рок може да го напушти францускиот шампион затоа што не е задоволен со доаѓањето на новиот тренер Клод Пуел. Според некои извори, Рафа Бенитез за 33-годишниот Жунињо ќе плати околу 5 милиони евра. Годините повеќе не се на страна на бразилскиот плејмејкер, но без оглед на тоа и понатаму е почитуван во фудбалскиот свет, а несомнено сеуште е еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во светот. Компилација од слободни удари изведени од Жунињо Филип Крстевски/Таратур

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/3996