Објавен е првиот трејлер за 22-от филм за Џејмс Бонд. Во Quantum of Solace тајниот агент трага по организацијата која стои зад убиството на саканата девојка. Пред таа да го предаде.
Columbia Pictures и MGM конечно го објавија првиот трејлер од новиот Џејмс Бонд, кој по втор пат ќе го глуми Даниел Крег. Филмот, кој светската премиера ќе ја има на 7 ноември, го режираше Марк Фостер.
Quantum of Solace продолжува таму каде што застана Casino Royale.
Предаден од Веспер, жената која ја сакаше, 007 својата последна мисија ја претвора во лична пресметка. Решен во тоа да ја открие вистината, Бонд и М го испитуваат Мистер Вајт, кој им открива дека организацијата која ја искористила Веспер е далеку покомплексна и поопасна отколку што може да се замисли.