logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Роналдињо: Најдоброто допрва доаѓа

Волшебникот вели дека ќе се израдува доколку Челзи испрати понуда за него затоа што го радува помислата за повторна соработка со Деко и Сколари и смета дека најдобрите години од неговата кариера допрва доаѓаат. Бразилецот изјави и дека неговиот ноќен живот, за кој многу се зборува, е ист како и тогаш кога беше најдобар на светот. Во својот разговор за бразилската телевизија Globo Роналдињо изјави дека Челзи е една од неколкуте опции за неговата фудбалска иднина: „Јас сум играч на Барселона. Фокусиран сум на тренинзите, а за мојата иднина се грижи мојот брат, така што не знам дали ќе ја напуштам Шпанија и каде ќе заминам доколку тоа се случи“. „Драго ми е што Сколари покажа интерес за мене. Тој е исклучителен тренер кого го почитувам, а се знаеме од времето кога го водеше Гремио“. „Доколку имам прилика за повторна соработка со него би било супер. Заедно го освоивме и Светското првенство во 2000 година, никогаш нема да му го заборавам тоа“. Роналдињо се наврати и на настапот со Бразил на Олимписките игри во Пекинг: „Тоа е нешто што силно ме мотивира. Моја примарна цел е добро да се подготвам за Олимпијадата“. Во сезоната која ни тој, а ни Барселона нема да ја паметат по добро многу се говореше за неговиот ноќен живот, кој според некои личности беше главната причина за неговата форма. „Мојот живот не се менуваше. Се е исто од мојот прв ден во Барса. Секогаш излегував и никогаш немав проблеми поради тоа. Кога нема да освоиме трофеј луѓето ќе почнат да измислуваат работи и нормално секогаш виновник е тој што е носител на играта“. „Мојот живот надвор од терените никогаш не влијаел на мојата форма“. „И сега сметам дека најдобрите години од кариерата се пред мене. Незнам дали ќе одам во Челзи затоа што тие и немаат испратено официјална понуда за мене, а и доколку испратат јас не ветувам ништо“, како и многупати досега неизбежно беше прашањето за поврзаноста на Роналдињо и Милан, на кое Бразилецот одговори: „Точно е дека Милан испратија понуда до Барселона, но нажалост таа не ги задоволи челниците, сепак, доколку се постигне договор би бил многу среќен. Милан е клуб каде играат многу мои сонародници и мислам дека ќе се чувствувам исто како и во репрезентацијата“. Филип Крстевски/Таратур

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/3993