Судбината сакаше да си ги одмериме силите со Грци. Додуша не од Поранешната отоманска провинција, туку од островот. Пелистер ќе игра против Апоел Никозија, а кумановски Милано ќе ги одмери силите со Омонија.
И двата македонски претставници добија противници во првото коло од Кипар. Во првите мечеви кои се играат на 17 јули и Пелистер и Милано ќе бидат домаќини на кипарските претставници, додека за 31 јули се закажани реванш мечевите на теренот на противникот.