Лондонскиот клуб потврди дека досегашниот фудбалер на Барселона од денес е играч на лондонскиот клуб, каде ќе го гледаме во наредните 2 години.
Претставниците на Челзи денес денес ги завршија преговорите со 30-годишниот португалски репрезентативец, по што во тек на денот беше извршен лекарски преглед и потпишан двегодишен договор. Се шпекулира дека вредноста на трансферот е 10 милиони евра.
Доаѓањето на
Деко отвара нови шпекулации околу иднината на
Френк Лампард, кој денес призна дека му се допаѓа италијанската лига, како и начинот на живеење во таа земја, сепак, кога го запрашаа дали има договор со Интер тој само се насмевна и одби да одговори.
Деко со Барселона на два пати ја освојуваше титулата во Шпанија, а има и две титули во Лигата на шампионите, од кои една со Барса и една со неговиот претходен клуб Порто.
Во новиот тим Деко ќе биде под водство на досегашниот селектор на португалската репрезентација
Луиз Фелипе Сколари, кој пак се смета за голем љубител на играта на Португалецот со бразилско потекло.
Филип Крстевски/Таратур