Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija

Деко во Челзи


Лондонскиот клуб потврди дека досегашниот фудбалер на Барселона од денес е играч на лондонскиот клуб, каде ќе го гледаме во наредните 2 години.

Претставниците на Челзи денес денес ги завршија преговорите со 30-годишниот португалски репрезентативец, по што во тек на денот беше извршен лекарски преглед и потпишан двегодишен договор. Се шпекулира дека вредноста на трансферот е 10 милиони евра.

Доаѓањето на Деко отвара нови шпекулации околу иднината на Френк Лампард, кој денес призна дека му се допаѓа италијанската лига, како и начинот на живеење во таа земја, сепак, кога го запрашаа дали има договор со Интер тој само се насмевна и одби да одговори.

Деко со Барселона на два пати ја освојуваше титулата во Шпанија, а има и две титули во Лигата на шампионите, од кои една со Барса и една со неговиот претходен клуб Порто.

Во новиот тим Деко ќе биде под водство на досегашниот селектор на португалската репрезентација Луиз Фелипе Сколари, кој пак се смета за голем љубител на играта на Португалецот со бразилско потекло.

Филип Крстевски/Таратур
30.06.2008



Гледајте фудбал
Спорт
Погледнете го успешното деби на Марадона
Погледнете го успешното деби на Марадона
slikaВо натпреварот што можевте во живо да го следите на Таратур, легендата на аргентинскиот фудбал на Хемпден Парк имаше одлична премира како селектор.
Видео: Загубивме од Црна Гора
Видео: Загубивме од Црна Гора
slikaНашите репрезентативци повторно покажаа променлива игра. Во првиот дел игравме очајно и примивме 2 погодоци, додека во вториот одигравме нешто подобро и успеавме да намалиме.
Македонија подготвена за врвот на Европскиот ракомет
Македонија подготвена за врвот на Европскиот ракомет
slikaЗавршени се сите подготовки Македонија да биде врвен домаќин на претстојното Европското првенство (ЕП) во ракомет за жени, што од 2 до 14 декември ќе се одржува во Скопје и Охрид.
Манчини најдобар тренер во Италија
Манчини најдобар тренер во Италија
slikaПоранешниот тренер на Интер ја доби престижната италијанска награда Златна клупа, која се доделува на најуспешниот тренер во изминатата сезона.
Џерард се плашел да прави лизгачки
Џерард се плашел да прави лизгачки
slikaКапитенот на Ливерпул откри дека кога бил мал не правел лизгачки стартови, само за да не биде сметан за груб фудбалер
Дрогба казнет со три натпревари
Дрогба казнет со три натпревари
slikaНапаѓачот на Челзи е казнет поради неодамнешниот инцидент кој дополнително ќе го оддалечи од терените.
Реал го бара Вучиниќ
Реал го бара Вучиниќ
slikaЧелниците на шпанскиот гигант од почетокот на сезоната бараат засилување во нападот. По повредата на Нистелрој тоа повеќе не е желба, туку потреба, а нивна мета е напаѓачот од Рим.
Desno


Резултати сега!
slika