Актерката го оставила Рис Ифанс поради оженет милионер! Станува збор за Балтазар Гети со кој ја запозна нејзиното поранешно момче Метју Рис. Сиена и нејзините шпански серии...
Балтазар Гети, милионер и татко на четири деца веќе еден месец тајно се забавува со
Сиена Милер, актерката чиј љубовен живот е постојано во фокусот на британската јавност.
Папараците од таблоидот
News of the World, ги следеле на тајните состаноци, кои ги организирале многу внимателно - Гети често и по еден час кружел околу местата на кои се среќавал со актерката, за да се увери дека никој не го следи.

Откако сопругата на Балтазар дознала за авантурата со актерката, таа и четирите деца заминале во Италија, што наводно ќе значи крај на авантурата, затоа што Гети сака да го спаси бракот.
33-годишниот Гети е наследник на нафтено царство што го основал неговиот прадедо
Џин Пол, некогаш најбогатиот човек на светот. Освен што живее во раскош, Гети се занимава и со глума, а токму неговото хоби, како што пишуваат медиумите, го довело до познатата актерка.

„Многу се трудеа да пронајдат место за кое никој не знае. Се дружеа само во затворени простории, плашејќи се од папараците. Доаѓааа и си одеа одделно, а секој пат изведуваа вистинска операција за тајно да се најдат“, рече пријател на Сиена, кој прв ги објави ексклузивните фотографии од нивната љубовна авантура.
Според таблоидот, Гети и Сиена се дружеле во Прага и Лондон и тоа само неколку недели откако актерката ја прекина врската со
Рис Ифанс. Заедно со поранешното момче се вплетка во класичен љубовен триаголник – наводно прекинале бидејќи таа се заљубила во
Метју Рис, колега од филмот The Edge of Love.
Метју потоа ја запознал со Гети и таа веднаш го корпосала, иако од самиот почеток на тајната врска знаела дека нема да потрае, бидејќи Балтазар е семеен човек.