Анкета
Најнова Фотка
1,2, па и повеќе
Аирлија нека е!

Сиена во врска со оженет милионер!


Актерката го оставила Рис Ифанс поради оженет милионер! Станува збор за Балтазар Гети со кој ја запозна нејзиното поранешно момче Метју Рис. Сиена и нејзините шпански серии...

Балтазар Гети, милионер и татко на четири деца веќе еден месец тајно се забавува со Сиена Милер, актерката чиј љубовен живот е постојано во фокусот на британската јавност.

Папараците од таблоидот News of the World, ги следеле на тајните состаноци, кои ги организирале многу внимателно - Гети често и по еден час кружел околу местата на кои се среќавал со актерката, за да се увери дека никој не го следи.


Откако сопругата на Балтазар дознала за авантурата со актерката, таа и четирите деца заминале во Италија, што наводно ќе значи крај на авантурата, затоа што Гети сака да го спаси бракот.

33-годишниот Гети е наследник на нафтено царство што го основал неговиот прадедо Џин Пол, некогаш најбогатиот човек на светот. Освен што живее во раскош, Гети се занимава и со глума, а токму неговото хоби, како што пишуваат медиумите, го довело до познатата актерка.


„Многу се трудеа да пронајдат место за кое никој не знае. Се дружеа само во затворени простории, плашејќи се од папараците. Доаѓааа и си одеа одделно, а секој пат изведуваа вистинска операција за тајно да се најдат“, рече пријател на Сиена, кој прв ги објави ексклузивните фотографии од нивната љубовна авантура.

Според таблоидот, Гети и Сиена се дружеле во Прага и Лондон и тоа само неколку недели откако актерката ја прекина врската со Рис Ифанс. Заедно со поранешното момче се вплетка во класичен љубовен триаголник – наводно прекинале бидејќи таа се заљубила во Метју Рис, колега од филмот The Edge of Love.

Метју потоа ја запознал со Гети и таа веднаш го корпосала, иако од самиот почеток на тајната врска знаела дека нема да потрае, бидејќи Балтазар е семеен човек.


30.06.2008




Гледајте фудбал
Спорт
Ја декласиравме Португалија
Ја декласиравме Португалија
Најдобар показател за супериорноста на нашите кошаркари е првата четвртина во која Португалците успеаја да постигнат само четири поени, а ние веќе имавме 22.
Хамилтон стартува прв во Белгија
Хамилтон стартува прв во Белгија
Водечкиот возач во вкупниот поредок на Форумула 1 се избори за првото место на утрешната трка за Големата награда на Белгија, која ќе се вози на познатата патека Спа.
Ибрахимовиќ најплатен во Серија А
Ибрахимовиќ најплатен во Серија А
Според Gazetta dello Sport годишната плата на шведскиот репрезентативец изнесува единаесет милиони евра. Втор на листата е Бразилецот Кака со девет милиони по сезона, додека трет е Роналдињо со 5.5 милиони евра.
Рафаел Собис во Ал-Џезира
Рафаел Собис во Ал-Џезира
Бразилскиот напаѓач и довчерашен член на Бетис потпиша договор со еден од побогатите клубови од Обединетите арапски емирати.
Апсолутен рекорд: 4,7 милијарди луѓе ги гледале ОИ
Апсолутен рекорд: 4,7 милијарди луѓе ги гледале ОИ
За 17 дена, ТВ преносите од Олимписките игри во Пекинг ги следеле околу 4,7 милијарди луѓе, што е нов апсолутен рекорд, соопшти денеска компанијата за истражување на пазарот Нилсен.
Рекоба заврши во Паниониос
Рекоба заврши во Паниониос
Легендата на уругвајскиот фудбал се одлучи во својата 32 година кариерата да ја продолжи во Грција. Иако имаше понуда од Блекбурн Ел Чињо следната сезона ќе го носи дресот на Паниониос.
Господарот на Дубаи го презема Ливерпул?
Господарот на Дубаи го презема Ливерпул?
Шеикот Мухамед бин Рашид Ал Мактоум, кој е петти најбогат човек во светот, има навистина сериозна намера да го преземе тимот од Енфилд Роуд.

Резултати сега!