Убаво е да имате сопствен забавен парк во кој никогаш нема да морате да чекате на ред, ниту да трошите пари за билети. Засега тоа е невозможно, но креативните умови го решаваат проблемот. Видео!
Во блиска иднина на вашето дете ќе може да му купите Buzzball [1], капсула која може да се движи во неколку насоки. Капсулата во себе има седиште на кое е прицврстен возачот.
Благодарение на двата управувачи, со Базболот можете да одлучите во која насока ќе се движи, а можете да го возите по било која рамна површина.
Уредот има два мотори, а седиштето во внатрешноста може да се движи без оглед на тоа како се врти топката. Уредот се уште е во фаза на прототип, а цената веројатно ќе му биде висока.
Како функционира во реалност? Погледнете на видеото!