logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Бордели нудат поевтино гориво

За да ги задржат своите најчести муштерии, камионџиите, погодени од големиот пораст на цената на нафтата, сопствениците на борделите во Невада им нудат секакви погодности и бесплатни услуги. Камионџиите се најчести гости во јавните куќи, во американската сојузна држава Невада, но со растот на цената на нафтата и нивниот буџет се намалува, па во јавните куќи драстично опаднал прометот. Се цел да ја спасат работата од пропаст, сопствениците на борделите нудат некои бесплатни услуги, а некои дури на муштериите им нудат и поевтин бензин. Откако цените на нафтата почнаа рапидно да се зголемуваат, прометот во јавните куќи во Невада паднал за дури 45 проценти, јавуваат од здружението на сопствениците на јавни куќи. „Поради високата цена на горивото и останатите трошоци, кои нашите потенцијални клиенти мора да ги подмират, не им остануваат доволно пари за добар провод“, тврди Џорџ Флинт, претседател на здружението. За барем малку да им ги намалат трошоците, сопствениците на борделите на камионџиите им нудат бесплатно туширање, кафе или паркинг за време на ноќта, а некои дури нудат и поефтино гориво. Слична тактика во 2006 година имаше и еден сиднејски бордел, кој нудеше 20 центи бонус по еден литар наточен бензин (секако доколку сте спремни да платите забава со нивните девојки).

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/3982