Анкета
Најнова Фотка
1,2, па и повеќе
Аирлија нека е!

Собранието се пополнува со двајца пратеници на ДУИ и еден на ДПА


Коалицијата “За подобра Македонија“, предводена од ВМРО - ДПМНЕ освои 63 пратенички места, коалицијата “Сонце“ предводена од СДСМ освои 27, ДУИ 18, ДПА 11 и ПЕИ едно пратеничко место, соопшти денеска претседателот на Државната изборна комисија, Јован Јосифовски.

За овие првичните резултати до сега никој од подносителите на листа нема поднесено приговор, а за конечни резултатите ќе се сметаат по завршетокот на жалбениот процес.

Ваквиот распоред на мандати, им овозможи уште две пратенички места на ДУИ и едно на ДПА. Во собранието влегувааат Фети Јунизи од ДУИ од првата изборна единица, Јулиета Марку од ДУИ од 6 ИЕ и од ДПА Даут Реџепи Лека од шестата изборна единица.

Претседателот на ДИК повторното прегласување, освен на двете избирачки места каде што имеше, како што рече помали инциденти, го оцени како демократско.
Инаку, досега ниту една партија нема поднесено финансиски извештај за тоа колку пари потрошиле за изборната кампања.

Јосифовски напомена дека рокот за доставување на финансиските извештаи почнува да тече од верификација на мандатите на партијата, а истекува за 30 дена од тогаш. Тој изрази очекување дека во предвидениот рок партиите ќе ги достават извештаите, во спротивно против нив ќе се поднесе прекршочна постапка.



30.06.2008




Гледајте фудбал
Спорт
Ја декласиравме Португалија
Ја декласиравме Португалија
Најдобар показател за супериорноста на нашите кошаркари е првата четвртина во која Португалците успеаја да постигнат само четири поени, а ние веќе имавме 22.
Хамилтон стартува прв во Белгија
Хамилтон стартува прв во Белгија
Водечкиот возач во вкупниот поредок на Форумула 1 се избори за првото место на утрешната трка за Големата награда на Белгија, која ќе се вози на познатата патека Спа.
Ибрахимовиќ најплатен во Серија А
Ибрахимовиќ најплатен во Серија А
Според Gazetta dello Sport годишната плата на шведскиот репрезентативец изнесува единаесет милиони евра. Втор на листата е Бразилецот Кака со девет милиони по сезона, додека трет е Роналдињо со 5.5 милиони евра.
Рафаел Собис во Ал-Џезира
Рафаел Собис во Ал-Џезира
Бразилскиот напаѓач и довчерашен член на Бетис потпиша договор со еден од побогатите клубови од Обединетите арапски емирати.
Апсолутен рекорд: 4,7 милијарди луѓе ги гледале ОИ
Апсолутен рекорд: 4,7 милијарди луѓе ги гледале ОИ
За 17 дена, ТВ преносите од Олимписките игри во Пекинг ги следеле околу 4,7 милијарди луѓе, што е нов апсолутен рекорд, соопшти денеска компанијата за истражување на пазарот Нилсен.
Рекоба заврши во Паниониос
Рекоба заврши во Паниониос
Легендата на уругвајскиот фудбал се одлучи во својата 32 година кариерата да ја продолжи во Грција. Иако имаше понуда од Блекбурн Ел Чињо следната сезона ќе го носи дресот на Паниониос.
Господарот на Дубаи го презема Ливерпул?
Господарот на Дубаи го презема Ливерпул?
Шеикот Мухамед бин Рашид Ал Мактоум, кој е петти најбогат човек во светот, има навистина сериозна намера да го преземе тимот од Енфилд Роуд.

Резултати сега!