logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Абхазија од утре ги затвoра границите со Грузија

Претседателот на Абхазија Сергеј Багапш денеска ги обвини специјалните служби на Грузија дека се вмешани во експлозијата што се случи во главниот град на отцепената грузиска република, Сухумију, и најави дека од утре ќе биде затворена административната граница која ја дели Абхазија од остатокот на Грузија. „Од утрешниот ден границата помеѓу Абхазија и Грузија ќе биде затворена“, рече Багапш, после денешните две експлозии во кои се ранети шест лица. Повикувајќи ги граѓаните да останат присебни и да бидат внимателни, Багапш изјави дека „Грузија е земја на тероризмот“. „Не можеа да не уплашат со војна и политички притисок, а сега пробуваат да не заплашат со експлозии. Меѓутоа, ситуацијата во Абхазија е под контрола на републичките власти“, тврди тој. Абхазија прогласи независност во 1992 година, а во август таа година изби вооружена војна во кој околу 7.000 лица загинале, а повеќе од 200.000, претежно Грузијци избегале. Војната заврши во мај 1994 година со Московскиот договор и во Абхазија се распоредени мировни сили со мандат на Заедницата на независни држави и набљудувачка мисија на Обединетите нации.
[1]

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/3978