
Рускиот центар за форензичка медицина објави демант според кој Хитлер на крајот на Втората светска војна не побегнал во тајна база на Јужниот пол туку се самоубил во Берлин.
Виктор Звјагин, началник на одделот за идентификација за агенцијата РИА Новости изјави дека за „стручњаците од Русија и странство нема сомневања дека нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер умрел на 30 април 1945 година“.
Некои руски медиуми неодамна изнесоа шпекулации дека Хитлер успеал да побегне од Берлин во тајна база на Јужниот пол пред главниот германски град да биде освоен од руските трупи.
„Јагленисаните тела на Хитлер и неговата сопруга Ева Браун се најдени во кратер од бомба во Берлин, а тоа ги потврдија и форензичките испитувања“, истакна Звјагин.
29.06.2008

































