Госпоѓицата Бермудез, која своевремено се фалеше дека спиела со половина мадридски Реал, од олтарот и титулата госпоѓа Гуиза ја делат само победа на Шпанија над Германија. Видео! (16+)
Нуриа Бермудез, сексипилната 27-годишна мадриѓанка со посебно нетрпение ќе го исчекува крајниот резултат од финалниот дуел меѓу Шпанија и Германија на ЕП.
Причина? Ако победи Фуријата во Виена, ќе застане пред олтар!
Тоа и го ветил нејзиното момче Дани Гуиза, кој мудро премолчи што ќе се случи доколку Шпанија сепак нема да се закити со втората титула првак на Европа.
Како и да е, засега се уште госпоѓа Бермудез повторно е во центарот на вниманието, со напомена дека сега не станува збор за никаков скандал.
Да потсетиме, некогашната манекенка и актерка своевремено се фалеше дека спиела (без пижами) со најмалку шестмина фудбалери на Реал Мадрид, а сериозно го разниша бракот и на Бекамови иако никогаш не се докажа дека Дејвид ја ....
Подоцна беше во врска со Кристијано Роналдо, додека пак Луис Фиго ја тужеше бидејќи таа тврдеше дека го онадела додека тој одеше со Хелен Сведин.
Во секој случај незаситната Муриа во меѓувреме очигледно се заозбили и го положи испитот на ФИФА за менаџер, што е интересен детал за приказната со оглед дека токму таа е агент на својот можеби иден сопруг.
Всушност, токму таа и беше онаа што го наговори да премине од Гетафе во Мајорка, каде Гуиза минатата сезона стана прв стрелец во Шпанија (со 27 гола), што меѓу другото и му обезбеди место во репрезентацијата.
Денес го бараат Фенербахче, Арсенал, Валенсија и Рома, па и тоа како има на што да и биде благодарен на својата сакана. Што друго да кажеме освен – среќно! Секако, ако победи Шпанија.