Сопругата на иранскиот претседател конечно се појави во јавност. Иако не знаеме точно како се вика, ниту како изгледа, барем знаеме дека постои.
Иранскиот претседател ја поведе сопругата на конференција за новинари во Техеран, потег што ретко се гледа во оваа муслиманска земја.
Мистериозната сопруга била покриена со исламска традиционална носија, што би се рекло, и се гледале само очите.
За сопругата на еден од најпознатите фаци во политиката не се знае скоро ништо. Ултрадесничарската партија само на една своја интернет страна објави дека првата дама е конзервативна, завршила електротехнички факултет и дека има два сина и ќерка.
Овие податоци набрзо биле тргнати од веб сајтот.

Првата дама последен пат во јавност се појави во 2006 кога го придружуваше сопругот во официјална посета на Куала Лумпур.