Протест поради антимакедонската политика на официјална Атина е закажан за денеска на преминот Меџитлија на границата со Грција.
Според најавите на организаторите, на граничниот премин ќе се протестира секој ден до 1. јули, во периодот од 09,00 до 12,00 часот.
Организатори на протестот се неколку невладини организации од Битола.
„Овој протест не е насочен кон обичните грчки граѓани, туку кон политиката што нивниот државен врв ја води кон Република Македонија”, соопштија организаторите.
Според нив, потребен е развој на пограничната соработка, а не воена вежба каква што деновиве се подготвувала во близина на Лерин, за што Националната гарда во северна Грција објави проглас под мотото „Македонија е една и грчка“.
Copyright 2008 makfax [1] Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.