Џуџестиот актер, 39-годишниот Верн Тројер поднесе тужба против веб-страницата која објави исечок од неговата приватна секс снимка. Бара дваесет милиони долари.
Тројер во тужбата наведува дека порталот TMZ.com со објавувањето на снимката ги прекршил неговите права на приватност и дека незаконски заработил на неговиот лик и дело.
Актерот во обвинението наведува дека снимката е украдена по што завршила во рацете на Кевин Блат, типот кој го дистрибуираше One Night in Paris. Махерот за објавување на порно видеа од познатите личности исто така е на списокот на обвинети.
Воедно побара судска забрана за понатамошни прикажувања на снимката.

Медиумите во меѓувреме се докопаа до името на девојката од снимката. Станува збор за 22-годишната
Рана Шридер, девојка „со актерски амбиции“, која со Тројер „живеела шест месеци и мислела дека ќе се венчаат“.
Поврзано:
Мини-Ми има порнич [1]