logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Сара како самохрана мајка

На Сара Џесика Паркер и е понудена главната улога во филмот The Ivy Chronicles, во кој би играла жена која по разводот и губењето на добро платената работа мора повторно да застане на нозе. Актерката е во преговори со претставници на Ворнер Брос да ја глуми Иви Ејмс, жена која е приморана да почнува одново и тоа во понегламурозниот дел на Њујорк. Откако ги отпишува своите деца од приватно училиште, Иви почнува со свој бизнис - им помага на богатите жени од средната класа да ги запишат децата во елитните школи. Ворнер сака по секоја цена да ја ангажира Паркер во некој нов проект, па и покажале неколку сценарија, но приказната за самохраната мајка најмногу и фатила око на Сара.

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/3962