Анкета
Најнова Фотка
Миљеници бакшиш
Аирлија нека е!
Airlija

Нова жртва на педофил во струмичко


Неполни 24 часа по обелоденувањето на ужасната драма на блудничење врз малолетници во штипско, нова жртва на педофил во струмичко.

Во напуштена куќа во струмичкото село Банско 53-годишниот Зекерија Сулејманов повеќе пати блудничел врз 14 годишна малолетничка. За монструозниот чин и давал по 100 денари.

Работата излегла на виделина откако сиромашните родителите се посомневале од каде и се парите на нивната ќерка.

Селаните шокирани од гнасниот настан со остри тонови на осуда. Иако втор ден како педофилот од Банско е во бегство, соселаните знаат каде се крие, за кого велатдека е во близината на селото.

Инаку, соселанецот е повратник од издржување затворска казна за обљуба на немоќно лице штитеник на Завдот за лица со хендикеп Банско и постаро лице.

Последните случаи на педофилија ги открија слабостите во државниот систем кон лицата кои огрешувајќи се пред законот и издржувајќи ја казната, го повторуваат делото.

За психолозите законската регулатива е недоречена, резултирајќи со недоволен надзор на истите по нивното излегување од затвор.

Од казнено поправните установи велат дека проблемот со тотална ресоцијализација на овие лица не е само нивна надлежност.

Психолозите и социјалните работници единствени во оценката. Душевното растројство кои педофилите со задоволување на ниските сексуални страсти им ги нанесуваат врз нивните жртви, децата, е трајна.

Штипскиот монструм од синоќа е во 30 дневен притвор. Досието за страотната и потресна драма за двајцата малолетници жртви на педофилот од Шашаварлија се комплетира, велат од штипското основно јавно обвинителство.



26.06.2008




Гледајте фудбал
Спорт
Ливерпул ризикува да го загуби Торес
Ливерпул ризикува да го загуби Торес
slikaКако што велат англиските медиуми, одложувањето на преговорите за нов договор со Бенитез може да се одразат и на неговиот сонародник, кој воедно е и најефикасен фудбалер во клубот.
Кол и Тери ќе ја пропуштат Белорусија
Кол и Тери ќе ја пропуштат Белорусија
slikaДвајцата дефанзивци ќе го пропуштат наредниот натпревар во кој Англија, на гостински терен, ќе се обиде да ја совлада репрезентацијата на Белорусија.
Видео: Бразил славеше во Венецуела
Видео: Бразил славеше во Венецуела
slikaБразилците немаа поголеми проблеми да слават на гостувањето во Венецуела, а за тоа се погрижија ѕвездите Кака, Робињо и Адриано.
Курањи исфрлен од репрезентацијата
Курањи исфрлен од репрезентацијата
slikaСелекторот на Германија Јоаким Лев го исфрли напаѓачот Кевин Курањи од репрезентацијата заради повреда на дисциплината.
Возбудлива трка со многу казни и неочекуван расплет
Возбудлива трка со многу казни и неочекуван расплет
slikaПо највозбудливот старт досега сезонава, и уште неколкуте контроверзни и казнети преминувања, Фернандо Алонсо изненадувачки стигна до неговата втора по ред победа оваа сезона, 21 во кариерата.
Квалификации за СП2010 - резултати и видео
Квалификации за СП2010 - резултати и видео
slikaВо третото коло од квалификациите за Светското првенство кое ќе се одржи во 2010 во Јужна Африка, фаворитите беа речиси секаде поуспешни. Во нашата група, Шкотска и Норвешка ремизираа.
Се повеќе фан клубови на Хофенхајм
Се повеќе фан клубови на Хофенхајм
slikaШто имаат Бризбејн, Бангкок и Берлин заедничко? Сите градови имаат фан клуб за Хофенхајм, што е навистина одлично за новодојденец во Бундеслигата кој имаше само еден официјален фан клуб до 2006.
Резултати сега!
slika