|
|
Секс снимката на 39-годишниот Вернер Тројер, ака Мини-Ви, најпознат по улогата на Мини-Ми во Остин Пауерс кружи низ Холивуд. Се шпекулира дека видеото ќе се најде и во продажба.
Деловите на секс снимката со ѕвездата од Остин Пауерс и неговата поранешна девојка, снимена во нивниот заеднички стан, објавени се на веб страната TMZ.com.
Сајтот тврди и дека Кевин Блат, познат холивудски дилер на секс снимки од славни фаци, кој се договори со Парис Хилтон за One Nigth in Paris, е во преговори со Тројер за дистрибуција на снимката.
Со оглед на комичниот тон со кој видеото е презентирано, некои се сомневаат дека е во прашање само желба за дополнителен публицитет, бидејќи во кината од неодамна се прикажува Love Guru со Мајк Маерс и Мини-Ви.
26.06.2008
|
|
|
|
|