logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Видео: Ротирачки облакодери

Вчера во Њујорк беа претставени деталите за изградбата на два екстра луксузни облакодери кои ќе бидат изградени во Дубаи и Москва. Облакодерите ќе бидат целосно ротирачки, односно секој кат ќе може да ротира посебно. Станува збор за првите облакодери од ваков тип, кои се конструирани така што секој кат ќе може да ротира посебно.
Облакодерот кој ќе се гради во Дубаи ќе има 80 ката и ќе биде комбинација од деловни простории, хотел, апартмани односно 10 луксузни вили. Вилите ќе бидат сместени на самиот врв на зградата и ќе имаат можност за контрола на ротирањето.
Движењето на преостанатите 70 ката ќе се одвива само по себе, а за него ќе одлучат архитектите кои ќе работат на овој проект. Овие интересни градби се исто така посебни бидејќи се така дизајнирани што ќе бидат способни сами да си произведуваат електрична енергија.
„Општо познато е дека облакодерите се изложени на силен ветер. На висините кои ги достигнуваат, ветрот секогаш се чувствува. Па, си помислив, зошто да не ја искористиме енергијата на ветрот, наместо да се бориме против него“, рече д-р Дејвид Фишер (на сликата), архитект на ротирачките облакодери. Овие грандиозни градби ќе бидат готови побрзо отколку што си помисливте. Отворањето на првиот облакодер во Дубаи е закажано за 2010 година.

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/3934