Сте биле ли на нудистичка плажа? Ако сте биле, тогаш не треба да ви ги објаснуваме разните погодности, но ако сте од ониe кои не ни сакаат да помилат за такви места, постојат добри аргументи, па можеби конечно ќе се замислите!
Американците порано мораа да отпатуваат во Европа или на Карибите за да уживаат во топлес или нудистичките плажи, но во последниве десет години нудистичките места во САД се најдоа меѓу водечките нудистички дестинации. Сончевиот Палм Спрингс се смета за мека за топлес и нудистички одмор.

А еве ги и десетте причини зошто Американците одат на одмор на вакви места!
10. Заштедуваат 15 долари по куфер на аеродром затоа што носат помалку алишта.
9. Ако одеа сите на нудистички плажи аеродромите би имале помалку проблеми со изгубените куфери, затоа што ќе ги имаше помалку.

8. Брановите не можат да го слечат вашиот костим за капење.
7. Имате помалку алишта за перење кога ќе се вратите дома и со тоа помалку ја загадувате околината.

6. Жените не мора да преживуваат трауми барајќи соодветен костим за капење.
5. Нема да ви биде непријатно ако случајно ви се испушти крпата додека се преслекувате.

4. Нема смешни, неисончани места на телото.
3. Не морате да се замарате со тоа дали ви одговараат сандалките со останатата облека.

2. Вашите пријатели одвај ќе чекаат да им ги покажете вашите фотографии од летувањето
1. Одморот на нудистичките места е чиста забава.
П.С Колку да се објасниме... Текстов воглавно е наменет за оние, кои глетката на многу голи девојки или момци не им е доволен предизвик за да се впуштат во една таква авантура.
25.06.2008