logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Вијагра за срамежливи

Постојат индикации дека хормонот окситоцин ја ублажува и така му помага на срамежливите да ја разбијат непријатноста за полесно да стапуваат во контакт со луѓето. Ако сето ова испадне точно, ќе може наскоро да се набави во спреј. Американските научници открија „социјална виагра“, односно лек против срамежливост и социјална неприлагоденост. Но, развивањето на лекот се уште е во тек, бидејќи научниците се уште го испитуваат хормонот окситоцин, што го излачува мајката во текот на раѓањето, а кој ја намалува анксиозноста и фобиите. Постојат индикации дека истиот хормон им помага на луѓето кои се борат со аутизмот. Пол Зак, професор по неврологија, го тестирал хормонот на стотина пациенти по што дошол до заклучок дека окситоцинот ја ублажува анксиозноста и на тој начин личноста полесно стапува во контакт со другите луѓе. „Она што е многу важно е дека овој лек нема никакви нус ефекти и не создава зависност“, потенцира професорот Зак. Со хормонот окситоцин, научниците успеале да ги намалат симптомите на срамежливост кај 120 пациенти. Примената е едноставна. Хормонот треба да се земе половина час пред некоја непријатна ситуација. Постои и веројатност дека поголемо ниво на природниот окситоцин во главата влијае на љубезноста на луѓето кон странци, а да биде уште поинтересно, луѓето тогаш даваат повеќе пари за добротворни цели и подобро се однесуваат кон непознатите, пишува Телеграф кој на крајот интересно заклучи дека е добро да постојат вакви спрејови.

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/3923