Анкета
Најнова Фотка
1,2, па и повеќе

Формула за совршен сендвич


Премногу мајонез, премалку кашкавал, дебело пресечени краставички, предебели парчиња леб... заборавете на тоа. Британските научници смислија математичка формула за да го пресметате вистинскиот сооднос на состојките.

Повеќето од нас обично се задоволуваат со малку салама и кашкавал измеѓу две парчиња леб, но сендвичот може и треба да биде вистинско гастрономско уживање. А, за секој кој не е стручњак да може да си подготви едно вакво задоволство се погрижија научниците кои смислија математичка формула за совршен ладен сендвич.

Научниците од Универзитетот во Бристол претставија формула која сугерира во кој сооднос треба да бидат дебелината на лебот и кашкавалот во однос на количината мајонез и краставички.

Во формулата се внесени дури девет фактори, а калкулаторот кој би требало да ви ја олесни работата се наоѓа на www.cheddarometer.com.

Групата предводена од Џеф Нјут при својата истражувачка работа имаа напомош волонтери и комплексни мерни инструменти, па за да ја откријат совршената дебелина на популарното чедар сирење (еквивалентно на нашиот кашкавал), тестираа стотина примероци.

Магичната формула е:


W = дебелина на кашкавалот во милиметри
B = дебелина на лебот
D = зачин за тестото
S = дебелина на маргаринот или путерот
M = дебелина на мајонезот
C = зачин за кремовите
V = дебелина на доматите
P = должина на киселите краставички
T = зачин за зеленчуците
I = дебелина на зелената салата

И на крајот ако не ве мрзи пресметајте си, а бидејќи знаеме дека нема, баталете го текстов и направете си некој ’по ваше’ или нарачајте си од омилената сендвичара.


24.06.2008



Гледајте фудбал
Спорт
И БАТЕ во Лигата на шампиони
И БАТЕ во Лигата на шампиони
Неверојатно, но белорускиот БАТЕ Борисов ќе го гледаме во Лигата на шампионите. На крилјата на сјајниот Аргентинец Серхио Агуеро и Атлетико избори пласман, откако го елиминираше Шалке.
Виља дефинитивно останува!
Виља дефинитивно останува!
Многубројните шпекулации за заминување на Виља од Валенсија нема да се остварат. Првиот стрелец на ЕУРО 2008 ќе остане Лилјак до 2014 година.
Мурињо: Шевченко беше како принц
Мурињо: Шевченко беше како принц
Шевченко откако замина во Челзи и имаше две неуспешни сезони се врати во клубот во кој го достигна својот врв, а поранешниот негов менаџер, сегашниот ривал тренерот на Интер Жозе Мурињо објасни зошто Шева не успеал на Стемфорд Бриџ.
Болт може да истрча 9.52?
Болт може да истрча 9.52?
Трократниот олимписки првак, Јамајканецот Усаин Болт можел во финалето на трката од 100 метри на ОИ во Пекинг да истрча со резултат од 9.52 доколку десетина метри пред целта не почнaл да ја слави победата, изјави неговиот тренер Глен Милс.
Сите бегаат од Манчестер, јас би одел во Шпанија!
Сите бегаат од Манчестер, јас би одел во Шпанија!
Српскиот репрезентативец Немања Видиќ даде интересно интервју за рускиот магазин Football weekly каде што се осврна на начинот на живот во северозападна Англија.

Резултати сега!