logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

ЗБМ обучуваше блогери

Здружението на блогери на Македонија во саботата, во Домот на АРМ во Скопје одржа младинска блог обука. На блог-обуката предавања ги држеа стручни лица и поискусни блогери од македонската блог сцена, каде на присутните им ги посочија значењето и предностите од користењето на блоговите како средство за лично изразување, медиум и средство за ширење на познанства и пријателства.
На учесниците покрај предавањето кое беше бесплатно, им беше поделена и брошура со упатство за полесно отварање и користење на блоговите, како и краток осврт на почетоците и развојот на блог културата во Република Македонија. Блогерите истакнаа дека во иднина почесто ќе прават вакви обуки со цел популаризација на македонската интернет култура и промоција на блогот како медиум.
Овој проект беше помогнат од Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија.

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/3916