logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Селин ја има најлошата преработка

Канадската пејачка Селин Дион со обработката на песната You Shoоk Me All Night Long од хард-рок бендот AC/DC ја освои титулата за најголема музичка навреда. Прочитајте и кои се најдобрите преработки во историјата! Имено, британскиот магазин Total Guitar нејзината интерпретација ја прогласи за „сквернавење“. „Тоа е апсолутно најлоша преработка на сите времиња – Селин Дион ги преработи AC/DC – тоа е сквернавење“, рече уредникот на Total Guitar, Стефан Лосон. „Најдобрите обработки ретко кога се толку радикални“. Дион никогаш не сними своја верзија на таа песна, но со Анастејжа пред шест години ја изведе на концерт во Лас Вегас. Второто место на листата најлоши преработки им припадна на Girls Aloud/Sugarbabes за интерпретацијата на песната Walk This Way (Run DMC и Aerosmith), а ги следи More Than Words од Extreme во изведба на Westlife. Обработката на класиката од The Doors Light My Fire од Вил Јанг ја зазеде четвртото место. Најдобра обработка е прогласена интерпретацијата на Џими Хендрикс на All Along the Watchtower од Боб Дилан. Следат The Beatles со Twist and Shout, песна која први ја снимија The Top Notes. Меѓу првите пет се пласираа и Guns N' Roses со Live and Let Die од Wings и преработката на Нирвана на песната The Man Who Sold the World од Дејвид Боуви.

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/3896