Канадската пејачка Селин Дион со обработката на песната You Shoоk Me All Night Long од хард-рок бендот AC/DC ја освои титулата за најголема музичка навреда. Прочитајте и кои се најдобрите преработки во историјата!
Имено, британскиот магазин Total Guitar нејзината интерпретација ја прогласи за „сквернавење“.
„Тоа е апсолутно најлоша преработка на сите времиња – Селин Дион ги преработи AC/DC – тоа е сквернавење“, рече уредникот на Total Guitar, Стефан Лосон. „Најдобрите обработки ретко кога се толку радикални“.
Дион никогаш не сними своја верзија на таа песна, но со Анастејжа пред шест години ја изведе на концерт во Лас Вегас.
Второто место на листата најлоши преработки им припадна на Girls Aloud/Sugarbabes за интерпретацијата на песната Walk This Way (Run DMC и Aerosmith), а ги следи More Than Words од Extreme во изведба на Westlife.
Обработката на класиката од The Doors Light My Fire од Вил Јанг ја зазеде четвртото место.
Најдобра обработка е прогласена интерпретацијата на Џими Хендрикс на All Along the Watchtower од Боб Дилан. Следат The Beatles со Twist and Shout, песна која први ја снимија The Top Notes.
Меѓу првите пет се пласираа и Guns N' Roses со Live and Let Die од Wings и преработката на Нирвана на песната The Man Who Sold the World од Дејвид Боуви.
Ја декласиравме Португалија Најдобар показател за супериорноста на нашите кошаркари е првата четвртина во која Португалците успеаја да постигнат само четири поени, а ние веќе имавме 22.
Хамилтон стартува прв во Белгија Водечкиот возач во вкупниот поредок на Форумула 1 се избори за првото место на утрешната трка за Големата награда на Белгија, која ќе се вози на познатата патека Спа.
Ибрахимовиќ најплатен во Серија А Според Gazetta dello Sport годишната плата на шведскиот репрезентативец изнесува единаесет милиони евра. Втор на листата е Бразилецот Кака со девет милиони по сезона, додека трет е Роналдињо со 5.5 милиони евра.
Рафаел Собис во Ал-Џезира Бразилскиот напаѓач и довчерашен член на Бетис потпиша договор со еден од побогатите клубови од Обединетите арапски емирати.
Апсолутен рекорд: 4,7 милијарди луѓе ги гледале ОИ За 17 дена, ТВ преносите од Олимписките игри во Пекинг ги следеле околу 4,7 милијарди луѓе, што е нов апсолутен рекорд, соопшти денеска компанијата за истражување на пазарот Нилсен.
Рекоба заврши во Паниониос Легендата на уругвајскиот фудбал се одлучи во својата 32 година кариерата да ја продолжи во Грција. Иако имаше понуда од Блекбурн Ел Чињо следната сезона ќе го носи дресот на Паниониос.
Господарот на Дубаи го презема Ливерпул? Шеикот Мухамед бин Рашид Ал Мактоум, кој е петти најбогат човек во светот, има навистина сериозна намера да го преземе тимот од Енфилд Роуд.