 [0] кликнете на сликата за да се зголеми |
Освен тоа што ги хакираа на теренот, вчера непознати турски хакери ја ’стуткаа’ и официјалната веб страница на хрватското Министерство за надворешни работи.
Како што пренесуваат хрватските медиуми, турските хакери оставиле порака на англиски и на турски јазик, во која се поздравуваат терористите (веројатно некоја хакерска група) од Турција и Саудиска Арабија.
Портпаролот на хрватското Министерство за надворешни работи и европски интеграции изјави дека веќе работат на отстранување на содржините, и дека ова не бил единствен обид во последниве денови, па затоа ќе го исклучат серверот за да не настане поголема штета.