Обилниот доручек е најважниот оброк во денот, барем кога станува збор за намалување на килограмите. Научниците откриja дека обилниот доручек има подобар ефект на линијата, отколку нискокалоричниот доручек.
За неколку месеци, во едно истражување врз дебели жени кои повеќе од половина препорачани дневни калории ги изеле за време на доручекот, изгубиле повеќе калории под оние што доручкувале помала количина на храна.
Докторката Даниела Јакубович, спровела истражување врз 94 дебели жени на кои им била препорачана одредена диета. Своите пациентки ги поделиле во две групи.
Една група за доручек јадела само 290 калории, додека другата морала да изеде дури 610 калории. Во тој доручек се препорачувало 58 грама јаглерохидрати, 47 грама протеини и 22 грама маснотии.
По четиримесечна диета, жените што биле на „тенок“ доручек ослабеле во просек за 12,7 килограми, додека жените што појадувале обилно ослабеле 10,4 килограми. До завршувањето на осумесечната диета таа бројка се свртела во полза на обилниот доручек, па оние жени што доручкувале помалку, почнале да
19.06.2008