Анкета
Најнова Фотка
1,2, па и повеќе

Какви се македонските деца од 11 до 15 години


Најголемиот дел од Македончињата на возраст меѓу 11 и 15 години живеат со двајца родители, го сакаат училиштето и сметаат дека покажуваат добри резултати. Цигара запалиле околу една третина од нив, алкохол пробало секое десетто дете, а марихуана три насто од 15 годишниците.

Ова го покажа меѓународното истражување на Светската здравствена организација за Однесувањето во врска со здравјето на децата на училишна возраст, спроведено во 2006 година во 41 држава во Европа и Америка, пренесува Макфакс.

Истражувањето е спроведено на над 200 илјади деца на возраст од 11 до 15 години, а во Македонија во периодот април-мај 2006 година се испитани 5.552 деца во рана адолесценција, која возраст, според експертите, е најризична во животот за стекнување на лоши навики и претставува основа за лоши резултати во животот.

Македонија е прва на листата каде децата на возраст од 11 до 15 година, дури 91 насто живеат со двајцата родители.

Повеќе од 87 насто од децата во Македонија на возраст меѓу 11 и 15 години со леснотија комуницираа со своите мајки, а нешто е помал процентот над 62 насто кои без проблеми разговараат со своите татковци.

Децата во Македонија не се меѓу најдруштвените. Дека имаат три или повеќе пријатели од истиот пол одговориле над 66 проценти, за разлика од нивните врсници во Англија и Норвешка од кои повеќе од 89 насто имаат многу пријатели.

Околу 30 насто од децата на оваа возраст во Македонија минуваат четири или повеќе вечери во неделата со своите пријатели, а до 40 насто секојдневно по електронски пат контактираат со врсниците. Над 30 насто секој ден играат игри на компјутер.

Македонските деца на возраст од 11 до 15 години, најмногу од сите нивни врсници од 40 земји го сакаат училиштето и исто така се на врвот на листата според оценката дека школото добро им оди. Сепак околу една третина рекле дека се оптоварени со учењето. Над 75 проценти ги оцениле своите соученици како љубезни и од помош.

Околу 40 насто од децата на 11 до 15 години во изминатите 12 месеци се степале. Речиси една третина рекле дека биле малтретирани на училиште од другите деца, а исто толку учествувале во малтерирање на друго дете.

Цигара запалиле 36 насто од 15-годишниците, 9 проценти од 13 годишните деца и 2 насто од 11 годишниците во Македонија. Секојдневно пушат цигари 9 проценти од 15-годишните деца во Македонија.

Овие резултати ја ставаат Македонија при дното на листата. Дури 77 насто од децата на 15 години во Литванија запалиле цигара. Друштво им прават 61 проценти од 13-годишниците во Летонија и 35 насто од 11 годишните деца на Гренланд.

Алкохол консумирале до 13 проценти од децата, а марихуана пробале три насто од 15-годишниците.

Сексуални односи имале 34 насто од машките и 5 проценти од девојчињата на 15 години. Од нив помалку од седум насто користеле апчиња за контрацепција, но затоа при последниот сексуален однос кондом употребиле 81 насто од машките и 65 проценти од женските.

Дека имаат прекумерна тежина сметаат најмногу 20 проценти од децата во Македонија. Интересен е податокот што повеќе момчиња, од девојчиња на возраст од 11 до 15 години се пожалиле на прекумерна тежина.

Најмногу над 30 проценти од децата на таа возраст во САД и на Малта сметаат дека се предебели. Зеленчук секој ден јадат околу 37 проценти. Околу 40 насто секојдневно консумираат овошје, а повеќе од две третини пијат газирани пијалоци и редовно си ги мијат забите.


19.06.2008




Гледајте фудбал
Спорт
Рајкард ме тераше да играм и кога бев повреден
Рајкард ме тераше да играм и кога бев повреден
Тиери Анри, го обвини поранешниот тренер на Каталонците Франк Рајкард дека го ставал во игра дури и кога не бил подготвен.
И БАТЕ во Лигата на шампиони
И БАТЕ во Лигата на шампиони
Неверојатно, но белорускиот БАТЕ Борисов ќе го гледаме во Лигата на шампионите. На крилјата на сјајниот Аргентинец Серхио Агуеро и Атлетико избори пласман, откако го елиминираше Шалке.
Виља дефинитивно останува!
Виља дефинитивно останува!
Многубројните шпекулации за заминување на Виља од Валенсија нема да се остварат. Првиот стрелец на ЕУРО 2008 ќе остане Лилјак до 2014 година.
Мурињо: Шевченко беше како принц
Мурињо: Шевченко беше како принц
Шевченко откако замина во Челзи и имаше две неуспешни сезони се врати во клубот во кој го достигна својот врв, а поранешниот негов менаџер, сегашниот ривал тренерот на Интер Жозе Мурињо објасни зошто Шева не успеал на Стемфорд Бриџ.
Болт може да истрча 9.52?
Болт може да истрча 9.52?
Трократниот олимписки првак, Јамајканецот Усаин Болт можел во финалето на трката од 100 метри на ОИ во Пекинг да истрча со резултат од 9.52 доколку десетина метри пред целта не почнaл да ја слави победата, изјави неговиот тренер Глен Милс.
Сите бегаат од Манчестер, јас би одел во Шпанија!
Сите бегаат од Манчестер, јас би одел во Шпанија!
Српскиот репрезентативец Немања Видиќ даде интересно интервју за рускиот магазин Football weekly каде што се осврна на начинот на живот во северозападна Англија.

Резултати сега!