Анкета
Најнова Фотка
Екстра Југо

15 милиони евра за Exit


Live Nation, најголемата светска концертна агенција, сака да ги купи правата за организација на фестивалот Егзит.

Агенцијата која ги организира и концертите на Мадона му понуди на Здружението Exit, 15 милиони евра за права на 10-годишна организација на најголемиот фестивал во регионот.

Освен Егзит, Лајв Нејшн би ги добил правата и за организација на Green Fest и филмскиот фестивал Cinema City, кои исто така се проекти на Здружението Егзит. Челниците на новосадскиот фестивал наводно бараат 18 милиони евра, пренесуваат српските медиуми.

Иако Live Nation веќе подолго време покажува интерес за да го преземе балканскиот пазар, преговорите за преземање на Егзит моментално се во застој затоа што не е постигнат договор за конечната сума.

Основачи на фестивалот Exit се Иван Миливојев и Бојан Бошковиќ од Здружението Exit, како и Душан Ковачевиќ од Exit team. Меѓу нив веќе подолго време е актуелен судирот околу правата на користење на името и логотипот на фестивалот, а со овој факт се многу добро запознати во Лајв Нејшн.

18.06.2008




Гледајте фудбал
Спорт
Виља дефинитивно останува!
Виља дефинитивно останува!
Многубројните шпекулации за заминување на Виља од Валенсија нема да се остварат. Првиот стрелец на ЕУРО 2008 ќе остане Лилјак до 2014 година.
Мурињо: Шевченко беше како принц
Мурињо: Шевченко беше како принц
Шевченко откако замина во Челзи и имаше две неуспешни сезони се врати во клубот во кој го достигна својот врв, а поранешниот негов менаџер, сегашниот ривал тренерот на Интер Жозе Мурињо објасни зошто Шева не успеал на Стемфорд Бриџ.
Сите бегаат од Манчестер, јас би одел во Шпанија!
Сите бегаат од Манчестер, јас би одел во Шпанија!
Српскиот репрезентативец Немања Видиќ даде интересно интервју за рускиот магазин Football weekly каде што се осврна на начинот на живот во северозападна Англија.
Видео: Јуве, Барса и Панатенаикос во Лигата на шампионите
Видео: Јуве, Барса и Панатенаикос во Лигата на шампионите
Барселона беше поразена од Висла, Јувентус ремизираше со Артмедија, а Панатенаикос ја совлада Спарта, што беше доволно за овие тимови да се најдат во групната фаза од Лигата на шампионите.
Галијани: Сега Анчелоти мора да освои Скудето
Галијани: Сега Анчелоти мора да освои Скудето
Потпретседателот на Милан вели дека тој си го сторил своето со купување на многу засилувања, па сега на потег е тренерот Карло Анчелоти.
Павличенко во Тотенхем
Павличенко во Тотенхем
Рускиот напаѓач изјави дека сака неговата кариера да ја продолжи во Премиерлигата, поточно во тимот на Тотенхем.
Милан Барош потпиша за Галатасарај
Милан Барош потпиша за Галатасарај
Чешкиот репрезентативен напаѓач денес потпиша договор со турскиот шампион, каде ќе игра во наредните три години.

Резултати сега!