Првото издание на книгата, во која Никола Коперник ја претставува својата револуционерна теорија за вселената, беше продадено за повеќе од 2,2 милиони долари на аукција во Њујорк, постигнувајќи двојно поголема цена од очекуваната.
Примерок од епохалното дело на
Коперник од 1543 година „За револуцијата на небесните сфери“ (De revolutionibus orbium celestium) беше еден од над 300 експонати, предложени од аукциската куќа Кристи.
Според Кристи, аукцијата на раритетни книги одржана во вторникот вкупно донела 11 милиони долари заработувачка.

Коперниковата книга во која за прв пат ја претстави теоријата, дека центарот на нашиот сончев систем е Сонцето, а не Земјата, пред аукцијата се проценуваше на 1,2 милиони долари. Името на купувачот не е откриено.