Книгата Како да водите љубов со жена со мала помош од порно ѕвездата Џена Џејмисон ќе добие своја филмска адаптација и тоа во комична варијанта. Цицлестата советничка ќе се игра самата себе.
Главната актерска екипа на романтичната комедија
Како да водите љубов со жена ја прават уште
Џош Мејерс, Кристен Ритер и Јан Сомерхалдер, се разбира покрај порно ѕвездата
Џена Џејмисон која се глуми самата себе.
Во филмот на режисерот дебитант
Скот Калвер, Мејерс ќе игра музички извршен продуцент кој не знае како да ја задоволи својата девојка (Ритер). За совет се обраќа на своите колеги и на Џена, но гледа дека времето му истекува кога во приказната се појавува пријателот од детството на неговата девојка (Сомерхалдер).