Анкета
Најнова Фотка
1,2, па и повеќе

Карла Бруни со песна ги навреди Колумбијците


Колумбискиот министер за надворешни работи Фернандо Араухо остро ја осуди песната на првата дама на Франција Карла Бруни, која раскажува за нејзината љубов кон Никола Саркози.

„Ти си моја зависност, поопасна од авганистански хероин, поопасна од колумбиски кокаин“, пее меѓу другото Карла, во песната која несомнено му ја посвети на францускиот претседател, веројатно не ни сонувајќи дека со својата поп кариера може да предизвика дипломатски инцидент.

Колумбијците се најдоа навредени од стиховите на Карла, а практично реагираше нивниот министер за надворешни работи Фернандо Араухо, кој истакна:

„Кога такво нешто ќе каже или ќе отпее сопругата на францускиот претседател, тоа е многу болно за Колумбија. Жалиме поради конзумирањето на колумбиската дрога. Последица се многу жртви и насилство на улиците во Колумбија, и наместо да слушаме стихови кои ја бранат конзумацијата на дрога, од целиот свет очекуваме да ни помогнат во борбата против неа“.

Албумот As If Nothing Happened ќе се појави на 21 јули кога е закажана официјалната промоција во Франција, а поранешната манекенка, а сега прва дама со ова веќе може да очекува одлична продажба.


13.06.2008




Гледајте фудбал
Спорт
И БАТЕ во Лигата на шампиони
И БАТЕ во Лигата на шампиони
Неверојатно, но белорускиот БАТЕ Борисов ќе го гледаме во Лигата на шампионите. На крилјата на сјајниот Аргентинец Серхио Агуеро и Атлетико избори пласман, откако го елиминираше Шалке.
Виља дефинитивно останува!
Виља дефинитивно останува!
Многубројните шпекулации за заминување на Виља од Валенсија нема да се остварат. Првиот стрелец на ЕУРО 2008 ќе остане Лилјак до 2014 година.
Мурињо: Шевченко беше како принц
Мурињо: Шевченко беше како принц
Шевченко откако замина во Челзи и имаше две неуспешни сезони се врати во клубот во кој го достигна својот врв, а поранешниот негов менаџер, сегашниот ривал тренерот на Интер Жозе Мурињо објасни зошто Шева не успеал на Стемфорд Бриџ.
Болт може да истрча 9.52?
Болт може да истрча 9.52?
Трократниот олимписки првак, Јамајканецот Усаин Болт можел во финалето на трката од 100 метри на ОИ во Пекинг да истрча со резултат од 9.52 доколку десетина метри пред целта не почнaл да ја слави победата, изјави неговиот тренер Глен Милс.
Сите бегаат од Манчестер, јас би одел во Шпанија!
Сите бегаат од Манчестер, јас би одел во Шпанија!
Српскиот репрезентативец Немања Видиќ даде интересно интервју за рускиот магазин Football weekly каде што се осврна на начинот на живот во северозападна Англија.

Резултати сега!