По одлучното одбивање на понудата на Микрософт за преземање на компанијата, Јаху се одлучи за сојуз со џинот Гугл, со надеж дека овој потег ќе им помогне во подобрување на бизнисот.
Јаху и Гугл соопштија дека по повеќемесечни преговори се договориле за соработка за употреба на огласувачките методи на Гугл во комбинација со пребарувачките активности на Јаху.
„Претерано е возбудливо да се соработува со Јаху и неговите основачи
Дејвид Фил и
Џери Јанг“, изјави соосновачот на Гугл
Серџ Брин. „Сега е приоритет да се осигура дека Јаху ќе остане силна независна компанија“, додаде тој.
Јаху се надева дека со овој договор ќе ги смири своите акционери, бесни поради одбивањето на понудата на Микрософт која содржеше атрактивна премија на пазарната вредност на компанијата.
„Овој договор е извор на средства кои ќе ни овозможат да им испорачаме финансиска добивка на акционерите“, рече претседателката на Јаху
Сју Декер.
Покрај ова, истакнато беше дека договорот ќе биде фокусиран на текстуалните огласи, овозможувајќи Јаху на корисниците да им испорача порелевантни огласи, додека огласувачите ќе добијат подобра огласувачка технологија.